Академија Пандев има високи амбиции за новата сезона а ова дополнително го потврди Перо Костовски, кондицискиот тренер на Македонија ЃП кој се пресели во Струмица. Младиот и талентиран Костовски соработуваше со Александар Таневски во Ѓорче и добро се познаваат, ова е само една од причините поради кои Костовски прифати да работи во Академија Пандев.

„Академија Пандев е екипа која од почетокот ја тамели својата работа на здрави основи од секој аспект. За еден млад тренр во сферата на физичката подготовка секако дека е предизвик да се работи со млади фудбалери и со перфектни услови за работа кои ги има тука во Академија Пандев.“ – вели Костовски за Дриблинг.мк.

Според него соработката со Александар Таневски од времето во Македонија ЃП влијаела по неговиот избор да прифати „трансфер“ во Струмица.

„Со Таневски имаме перфектна комуникација и соработка која ја изградивме креирајќи одлично организиран тим во Ѓорче, па не ми беше тешко та го прифатам повикот од Академија Пандев. Мотивиран сум и голема е одговорноста за мене како тренер да работам со млади и талентирани фудбалери за кои верувам дека со моја помош ќе го подигнат нивото на физичка подготвеност.“ – вели Костовски.

Проблемите со Ковид-19 во Македонија дополнително ја искомпликуваа состојбата со најавениот рестарт на ПМФЛ. Во Академија Пандев интензивно работата на враќање во форма а тоа ни го потврди и Костовски.

„По се ова што го поминавме со пандемијата и индивидуалните тренинзи во карантин, морам да го пофалам стручниот штаб кој перфектно ја координирал работата на екипата во димашни услови и по првите тестови направени на фудбалерите, видно беше дека се во добра форма со подлога за многу работа. Доаѓам во една професионална екипа во која и пред мене работеа едни од најдобрите кондициски тренери кои оставија свој печат.“ – додава Костовски.

По тестирањето за Ковид-19 организирано од Синдикатот на фудбалери на Македонија, официјално немаше ниту еден позитивен на коронавирус.