По заминувањето на Рибери и на Робен, Баерн Минхен сеуште бара играч кој ќе може да замени барем еден од двајата легендарни клрилни напаѓачи во првиот тим на Нико Ковач. Прва и основна трансфер цел е Лерој Сане од Манчестер Сити.

„Баерн сака да купи играч од висока класа. Ние го сакам Лерој. Тој е одличен фудбалер, докажан во Англија и во националниот тим. Нашиот менаџмент напорно работи. Не викам дека е лесно, веќе се гледа тоа но уверен сум дека ќе успееме да го добиеме во нашите редови.“ – изјави Нико Ковач.

Пеп Гвардиола неодамна изјави дека сака да го задржи Сане во Манчестер но доколку играчот е решен да си замине, нема да му стои на патот.