Баерн Минхен вечерва гостува кај Шалке, дерби во второто коло во Бундеслигата, Нико Ковач не попушта под притисокот на јавноста, Кутињо мечот ќе го започне од клупата за резерви.

Навивачите на Баерн со нетрпение го очекуваат настапот на Филипе Кутињо во Бундеслигата, сепак, Нико Ковач најави дека Бразилецот ќе биде меѓу резервите против Шалке вечерва.

„Кутињо не е на потребното кондициско ниво за да биде во почетниот состав, тој тоа го знае и затоа ќе биде меѓу резервите денеска против Шалке.Тренираше напорно и посветено но едноставно не е подготвен да започне од првата минута“ – изјави Ковач.

Баерн во првото коло киксна со Херта, одигра нерешено 2-2 и сега нема право на грешка.