Тренерот на германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен Нико Ковач воведува остри правила кон играчите, и кој нема да ги исполни ќе се соочи со казна.

Хрватскиот стратег ќе воведе некои правила како што се забрането користење на мобилни телефони пред и после натпреварите, односно се додека не ја напуштат соблекувалната.

Кога Нико ќе нареди, сите мораат да бидат во своите соби, но и да имаат изгасени светла. Ковач од претходно воведе правило сите играчи да дојдат на тренинг час и пол пред неговиот почеток.

Тоа беше доведено поради поранешниот играч Хамес Родригез кој често доцнеше на тренинзите, но сега откако си замина, тоа правило сепак остана.