Вагнер Рибеиро, бразилскиот фудбалски агент кој е близок со семејтвото на Нејмар уверува дека нема да има драстични промени ова лето во однос на најавениот кам-бек на напаѓачот на „Камп Ноу“.

„Мислам дека Нејмар ќе остане во ПСЖ поради промените кои се случуваат на трансфер пазарот поради Ковид-19. Економијата на светскиот фудбал драстично ќе се промени.“ – вели Рибеиро.

Нејмар ја напушти Барселона во 2017 година а веќе второ лето по ред е топ тема неговиот евентуален кам-бек на „Камп Ноу“.

Бразилецот има договор со ПСЖ до јуни 2022 година, Барселона се обидува да го купи, но цената од 222 милиони евра е во моментов нереална.