Напаѓачот на Лидс, Родриго нема да биде дел од составот на Биелска за викенд пресметката со Кристал Палас.

Ова доаѓа откако репрезентативецот на Шпанија добил позитивен Ковид-19 тест и морал да замине во изолација.

„Добив позитивен Ковид-19 тест по контакт со член на моето семејство кој бил инфициран но не знаел. Според протоколот заминувам во самоизолација и ќе го проуштам мечот со Кристал Палас. Сите во моето семејство се чувствуваме добро и остануваме со позитивни мисли.“ – вели Родриго.


Дали од овој случај ќе се прошири заразата во Лидс ќе знаеме во следните неколку дена, се надеваме дека Алиоски ќе го избегне црното сцнарио и ќе биде во конкуренција за настап за Македонија – Грузија.