Рестартот во ПМФЛ е доведен во прашање откако двајца играчи на Шкендија и четворица на Ренова се позитивни на Ковид-19.

Шкендија се огласи пвод ситуацијата и ги потврди информациите од Синдикатот на фудбалерите кој заедно со Аџибадем Систина ги реализираше тестирањата кај прволигашите во пресрет на дозволата за тренинг.

Шкендија сака да ја информира јавноста дека беше извршено тестирање за Ковид-19 врз членовите на нашиот клуб, во организација на Синдикатот на фудбалери, за жал, денеска бевме информирани дека два члена на нашиот клуб се позитивни на Ковид-19. Во интерес на веродостојност на резултатите, клубот веднаш поведе процедура за извршување на втори тестови врз двајцата позитивни. Почитувајќи ги одлуките на компетентните институции, тие се ставени во самоизолација, а клубот ќе ги направи следните потези во координација со Институтот за Јавно Здравје и ФФМ, нема да даваме дополнителни изјави на оваа тема“-  се вели во соопштението на ФК Шкендија.