Англиската фудбалска ѕвезда Рахим Стерлинг сериозно размислува  да го напушти Етихад, а тоа го откри во своето последно интервју.

Стерлинг претходните месеци честопати се доведуваше до шпекулација со трансфер во Барселона, но околу тоа се уште нема ништо конкретно.

Тој иако како што рече, е фокусиран на себе, сака да го игра секој натпревар, но факт е дека тешко ќе дојде до тоа.

„Ако се појави понуда од неколку клуб надвор од Англија, отворен сум за преговори. Размислувам да го напуштам Манчестер Сити, искрено, би сакал да се испробам во некоја друга лига за која сметам дека за мене ќе биде предизвик. Не сакам да се жалам дека не играм редовно во Сити, јас се трудам, давам максимум, фокусиран сум на себе и сакам да бидам присутен на секој натпревар“– истакна Стерлинг.

Ова е секако еден вид на порака до Пеп Гвардиола, дека сезонава мора што повеќе да го интегрира Стерлинг во првата единаесетка, во спротивно ќе се разделат.