На мечот од квалификациите за пласман во групите од Лигата на Европа одигран во четвртокот во Романија, Крајова на пенали го мина унгарскиот Хонвед, но хаосот пред изведувањето на ударите од белата тоќка фрли огромна сенка на мечот.

Домашни навивачи со топовски удар го погодија и повредија главниот судија, кој мораше со амбулатно возило да биде префрлен во болница.

После инцидентот и прекинот од половина час веќе се најавува и разврска од Нион и реакција на УЕФА.

Првата опција е дека УЕФА ќе ја исфрли Крајова од Европа, а втората е да биде донесена одлука за преигрување на мечот, што е тешко остварливо, затоа веќе следната недела почнуваат борбите во третото квалификациско коло.

„Не знам какви ќе бидат санкциите, ама свесен сум дека не чека казна. Не знам ни УЕФА колку ќе биде остра. Едноставно не може после сѐ што се случи да нема казни“, изјави за романските медиуми претседателот на Крајова, Марсел Попеску.

.„Секоја чест на судиите и за спортската култура и за храброста. Сфатија дека не се виновни 25-те илјади гледачи, туку неколку хулигани“, додаде тој.

Хонвед веќе и официјално испратил писмо до УЕФА мечот да се преигра или Крајова да биде исфрлена од Европа.