Садио Мане и Килијан Мбапе се далеку од трансфер во Мадрид, барем според најавите за лениот преоден рок. По ова медиумите од Шпанија тврдат дека „Кралевите“ одлучиле да се обидат даго привлечат Мохамед Салах на „Сантијаго Бернабе“.

За оваа цел Реал Мадрид е подготвен да потроши 150 милиони евра но опредходно мора да го продаде Герет Бејл пред се поради големата плата која ја зема во Мадрид.

Салах има договор со Ливерпул но неофицијално има договор со Клоп во случај да пристигне понуда од Мадрид или од Барселона да му биде дозволено да го напушти „Енфилд Роуд“.