Додека планетата го очекуваше рекордниот трансфер на Герет Бејл во Јиангсу, Реал Мадрид ги прекина преговорите и ја стопираше преселбата. „Кралевите“ во последен момент се предомислиле и решиле да го задржат Велшанецот во екипата на Зидан.

Бејл требаше да потпише тригодишен договор со тимот од Кина според кој ќе заработуваше по 1,2 милиони евра неделно. Тој денеска пристигна во Кина но очигледно ќе мора веднаш да се врати во Мадрид.

Зидан најавуваше дека подобро за сите е Бејл што поскоро да си најде нов клуб но очигледно повредите на дел од првотимците го предомислиле.