Од поодамна е познато дека Реал Мадрид сака во своите редови да го види Пол Погба, а англиските медиуми тврдат дека „кралевите“ уште оваа зима ќе се обидат да го доведат францизинот од Манчестер Јунајтед.

Погба  поради повреда е надвор од терените подолго време е надвор од конкуренција, а се шпекулира дека постојано е во контакт со управата и бара да си замине.

Наводно Реал Мадрид за Погба нуди парична сума од 80 милиони евра, плус услугите на Џејмс Родригез и напаѓачот Маријано Диаз. Колумбиецот треба да ја донесе креативноста која му недостасува на тимот, а шпанскиот напаѓач ќе биде алтернатива за првиот голгетер Маркус Рашфорд.