Реал Мадрид уште од сега прави планови за следни засилувања, а според „Мундо Депортиво“ меѓу желбите на „кралевите“ е фудбалерот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг.

Како што пишува шпанскиот весник челниците на двата клуба се сретнаа и расправале за можниот трансфер на англискиот репрезентативец на „Сантиаго Бернабе“.

Стерлинг минатата година потпиша нов договор со „граѓаните“ до 2023 година, а заработува 300 илјади фунти неделно. Шпанскиот гигант за услугите на Стерлинг е подготвен да инкасира повеќе од 100 милиони евра.