Со бројни пригодни церемонии, вклучувајќи изложби, концерти и фудбалски натпревари, денеска во Бразил се слави 80-от роденден на легендата на бразислкиот и светскиот фудбал Пеле

Според многумина, најголемото фудбалско име во историјата, Едсон Арантес до Насименто Пеле, е роден на 23 октомври 1940 во Треш Коросоеш, југоисточен Бразил.

На 15 години дебитираше за Сантос, а веќе следната година го облече и националниот дрес на Бразил/

Единствениот фудбалер со три светски титули, Пеле, според Гинисовата книга на рекорди, е играчот со најмногу постигнати голови – 1279 на 1363 натпревари, иако многу од нив на пријателски натпревари.

Според светската Асоцијација за фудбалска статистиа (RSSSF), Пеле има постигнато 767 голови на 831 натпревари на официјалните натпревари одиграни за Сантос, Њујорк Космос и Бразил.