Поранешниот репрезентативец Питер Крауч објави дека се повлекува од фудбалот.

Некогашниот напаѓач на Ливерпул во својата 38 година соопшти дека ја завршува кариерата откако последната сезона ја одигра во Барнли.

Фудбалерот кариерата ја започна во Астон Вила, по две сезони премина во Саутемптон, за подоцна да се пресели на Енфилд каде помина три сезони и со Ливерпул играше во финалето на Лигата на шампиони во сезоната 2006/07 кога беше побаран од Милан.

Една година беше играч на Порстмут, од каде замина во лондонски Тотенхем во кој остана три сезони. Од 2011 па наредните осум години го носеше дресот на Стоук, кој го напушти оваа година во јануари и премина во Барнли.

Во Премиер лигата одигра 468 натпревари постигнувајќи 108 голови, од кои 53 со глава и по тоа е рекордер на ова натпреварување. За селекцијата на Англија забележа 22 гола на 42 настапи.