Легендарниот аргентински напаѓач Ернан Креспо за „Skaj sports Italija“ зборуваше околу денешните напаѓачи на Аргентина меѓу кои направи споредба.

„Аргентина има врвни напаѓачи кои играат во Европа. Знаеме кои се дометите на Икарди и Дибала а сега гледаме што може да направи Лаутаро Мартинез. Тој може да биде новиот Агуеро, иако не е толку добар дриблер, но повеќе игра тимски од Кун. Одлчна соработка имаат тој и Лукак во Интер“-изјави Креспо.

Според него Меси и Кристијано Роналдо ги поместуваат границте на фудбалот, но за него поим за напаѓач е легендарниот Бразилец, Роналдо.

Креспо во моментот е тренер на аргентинскиот прволигаш Дефенса Хустисија.