Управата на Кристал Палас се соочува со финансиска криза и поради ова е решена дел од долговите да врати со помош на продажбата на Вилфред Заха.

Крилниот напаѓач е трансфер цел на Арсенал и Евертон но поради можноста да биде купен за 30 милиони фунти во игра се и Челси и поранешниот клуб на Заха, Манчестер Јунајтед.

Последната понуда на Евертон до Кристал Палас од 80 милиони евра минатото лето беше одбиена, па намалената цена е дополнителен пораз за клубот кој ова лето можно е да продаде уште неколкумина првотимци.