Медиумите од Русија тврдат дека Кристал Палас преговара со ЦСКА Москва за младиот напаѓач Фјодор Чалов кој важи за еден од најталентираните играчи во Европа.

Чалов има 21 година, игра класична деветка, Рој Хоџсон според руските медиуми е подгтовен да плати 15 милиони евра за овој напаѓач.

Минатата сезона Чалов запиша настапи за репрезентацијата на Русија, во шампионатот на оваа земја постигна 17 голови на што придодаде и 7 асистенции.