Кристијан Пулишиќ не бил задоволен од третманот во Лондон и поради ова размислува да го напушти Челси. Франк Лампард се обиде да го убеди играчот дека има доверба во него но репрезентативецот на САД веќе решил.

Ова ќе се обиде да го искористи Јирген Клоп кој верува дека со Пулишиќ во Ливерпул ќе добие поголема длабочина на ростерот и шанса Мане и Салах почесто да бидат ротирани.

Покрај Ливерпул, за Пулишиќ интерес има и од Арсенал, Аретета сеуште бара решение за нападот каде Пепе не успеа да се снајде најдобро а Лаказет и Обамејанг се пред заминување.

Пулишиќ е достапен на трансфер пазарот за околу 90 милиони евра, во приказната можно е да се вклучи и Борусија Дортмунд.