Кристијан Тоешвски е нов играч на Тирана, првакот на Албанија се засили со репрезентативецот на Македонија и поранешен играч на Вардар.

Дефанзивецот кој има 26 години, потврди за дриблинг.мк  дека има договор со Тирана и се сели во првенството на Албанија, за шампионот на оваа земја ќе стави потпис во среда.

Тирана е шампион на Албанија, Тошевски ќе биде големо засилување за првакот на оваа земја, тој беше еден од најдобрите играчи на Вардар минатата сезона, финансиските проблеми во таборот на црвено-црните, го принудија репрезентативецот да ја смени клупската средина.