Капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо можел многу лесно да заврши во Валенсија во летото 2006 година, тврди поранешниот спортски директор на „Лилјаците“ Амедео Карбони.

Валенсија брзо реагирала непосредно по конфликтот кој изби меѓу Вејн Руни и Кристијано Роналдо на пресметката на Англија и Португалија на СП по кој Руни заработи црвен картон.

Роналдо веднаш стана прв смртен непријател на Англија, но пред се меѓу навивачите на Манчестер Јунајтед.

„Најдовме финансиско решение за да можеме да го платиме, тој уште во тоа време заработуваше 10 милиони евра во Јунајтед. Дојдовме до фаза во која можевме да го донесеме, Роналдо беше во дилема. На крајот договорот беше подтпиша со неговиот агент, но не се реализираше до крај“. Вели Карбони.

Кристијано Роналдо играше во Манчестер Јунајтед oд 2003 до 2009 година по што направи транфер во Реал Мадрид.