Поругалската фудбалска ѕвезда, Кристијано Роналдо донел одлука, на крајот од оваа сезона ќе го напушти Јувентус но се уште не е прецизирано каде ќе ја продолжи кариерата.

Како што пренесува „Тутоспорт“, 36 годишниот напаѓач има две опции, да премине во ПСЖ или да се врати во Манчестер Јунајтед.

Роналдо има договор со Јувентус до јуни 2022 година, а летово е достапен за 29 милиони евра трансфер оштета.

Роналдо кој досега ја освои Лигата на шампионите пет пати, еднаш со Јунајтед и четири пати со Реал Мадрид, во ПСЖ би пристигнал како директна замена за Мбапе или како алтернативно мега засилување откако Меси е извесно дека ќе остане во Барселона.

Во Манчестер Јунајтед пак би ја добил улогата на најистурен во нападот со оглед на тоа дека Кавани најверојатно нема да потпише нов договор.