Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо по повеќе од два месеци се врати во Торино и почна со подготовки за најавениот рестарт во Серија А.

Португалецот се појави на тренингот на „Старата Дама“ но е ова не е единствената вест по која денеска е актуелен.

Имено, напаѓачот е највлијателниот фудбалер во светот во моментов, тврди Франс Фудбал. Францускиот спортски магазин верува дека Роналдо има идентично влијание како и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

На листата влијателни се и агентите Мендеш и Раиола, тренерите Јирген Клоп, Гвардиола и Зидан како и фудбалските ѕвезди Меси, Нејмар, Стерлинг, Салах и Мбапе.