Најавите дека ќе се врати во Манчестер Јунајтед или пак дека ќе го засили ПСЖ ова лето, за Кристијано Роналдо се само шпекулации.

Португалецот со пост на Инстаграм потврди дека планира да остане во Торино и во следната сезона во која очекува атак на негова трета титула во Серија А.

„Среќен сум што ги освоив последните две од девете во низа титули на Јувентус. Изгледаше дека е лесно но не е така! Година по година со нашиот талент, посветеност и напорна работа може да ги остварите своите цели и да бидете подобри од претходно. Одам на мојтата трета титула.“ – наведе Роналдо.