Англиските медиуми денеска објавија што се случувало во соблекувалната на Манчестер Јунајтед на полувремето од мечот од третото коло од групната фаза на Лигата на шампионите против Аталанта, кој се одиграа оваа недела.

Аталанта на полувремето водеше со 2:0 со головите на Пашалиќ и Демирал, а тоа водство го држеше до 53-тата минута, кога тргна пресвртот на Јунајтед.

Истиот на полувремето го иницирал Кристијано Роналдо. Сан и Дејли Мејл отркиваат дека Португалецот полудел во соблекувалната поради лошиот резултат на полувремето и жестоко ги критикувал соиграчите.

„Ги праша соиграчите дали не им е срам и кажа дека она што го прикажуваат не е начин на кој Манчестер Јунајтед би требало да игра пред своите навивачи. Им кажа дека мораат да дојдат до победа и дека ако не успеат, би можеле да дојдат во ситуација да не ја минат групата“- кажал неименуван извор за Сан.