Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо е уверен дека поразот од Лион од 1:0 во воведниот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите може да се анулира во Торино на реваншот.

„Ова не е резултатот кој го сакавме но натпреварите во Лигата на шампионите секогаш се тешки. Имаме 90 минути за да го возвратиме ударот во Торино и веруваме дека ќе можеме да го продолжиме нашито настап во ова натпреварување.“ – изјави Роналдо.

Јувентус на 17 март го дочекуваат Лион со желба за победа од два разлика и пласман во четвртфиналето во елитата на Европа.