Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, кажа дека како дете мислел дека на 35 години ќе биде рибар во Мадеира.

„Кога бев мал, мислев дека на 35 години ќе бидам рибар во Мадеира. Но не мислев дека ќе имам скапа опрема, туку дека ќе рибарам со конец намотан на прстот. Ни на крајот од умот не би ми дошло дека ќе станам тоа што станав и дека ќе играм во клубови во кои што играв.

Мислам дека имам шанса да бидам дел од моето шесто финале во Лигата на шампионите. Играњето во Јувентус ми ја дава таа шанса“.

Роналдо е петкратен освојувач на Лигата на шампионите, еднаш со екипата на Манчестер Јунајтед и четири пати со Реал.