Португалскиот фудбалски репрезентативен капитен, Кристијано Роналдо деновиве ужива во луксузен хотел во Грција заедно со Џорџина Родригез и неговите деца.

Напаѓачот на Јувентус често е дел од луксузните вили во Грција, за ова тој плаќа по 8000 евра дневно а одморот вкупно ќе го чини околу 60 000 евра.

Според шпанските медиуми, Роналдо до почетокот на подготовките за оваа сезона со Јувентус ќе замине на уште еден одмор но дестинацијата засега не е позната.