Дарко Чурлинов е во составот на Келн за утрешниот меч со Волфсбург на гости, тренерот Ахим Бајерлорцер го повика за премиерниот настап сезонава на „јарците“ во Бундеслигата.

Чурлинов не беше во составот за Куп натпреварот со Вин Вајсбаден кој Келн едвај го доби по пенали, навивачите жестоко реагираа на социјалните мрежи и го „натераа“ тренерот Бајерлорцер да го стави на листата за првото коло.

Келн утре гостува кај Волфсбург од 15-30 часот, Чурлнов ќе биде на клупата и ќе чека шанса за настап, има само 19 години, одигра фантастично  на подготвките каде запиша еден хет-трик и постигна вкупно пет гола.