Стив Брус има тешка задача да ги држи работите под контрола во соблекувалната на Њукасл.

По поразот од Манчестер Јунајтед, по кој „страчките“ се на 19 -то место во Премиер лигата, се чини дека се  е полно со незадоволство.

Ден по поразот, Брус, анализирајќи ги грешките во претходниот натпревар, наиде на серија осуди од играчи кои не сметаа дека е правилно да ги именуваат.

Некои од нив беа на страната на Брус, а потоа имаше жестоки вербални судири за време на тренингот помеѓу помошниот тренер Греам Jонс и напаѓачот Двајт Гејл.

Капетанот Џамал Ласкалс мораше да ги раздели.

Сопственикот Мајк Ешли има неблагодарна задача да го зачува мирот во клубот, но се чини дека ќе биде тешко бидејќи и самиот менаџер Стив Брус е незадоволен, бидејќи тие не му ги донесоа посакуваните засилувања во преодниот рок.

Њукасл ќе игра дома со Лидс од 21 часот, а лошиот резултат може да биде опасен за Брус и неговите соработници