Долгот на Манчестер Јунајтед се зголеми за 127,4 милиони фунти во првите три месеци од 2020 година и сега изнесува 429 милиони.

Две причини влијаеа на зголемување на минусот на Јунајтед, клубот од Манчестер не обезбеди пласман во Лигата на шампионите и пандемијата предизвикана од коронавирусот.

Овие алармантни бројки ќе го одалечат Јунајтед од вистинска конкуренција на трансфер пазарот, анализите говорат дека клубот ќе мора да продава за да купува играчи.

Јунајтед  во однос на минатата година има намалување на приходот речиси во сите нивоа, средства од ТВ правата, продажбата на дресови, влезници…

Клубот бележи раст во приходите од спонзорските договори за околу 6 милиони фунти, сепа разликата е голема во плусот и минусот кој доминира во првите три месеци.

Оваа криза сериозно ќе влијае врз Јунајтед во пристапот на трансфер пазарот, сепак проценките и не се толку црни, Јунатед на сметката има 90,3 милиони фунти, плус 150 милиони од кредтини линии кои се веќе обезбдени.