Напаѓачот на Јувентус Алваро Мората не тренирал вчера, и според последните информации од таборот на „старата дама“ состојбата е неизвесна.

Газета Дело Спорт јавува дека е можно враќање на Квадрадо за мечот со Специа, но засега повредените Џорџо Кјелини и Леонардо Бонучи и натаму се во „аут“.

Мората е голем проблем за Пирло, тој со сигурност нема да настапи во Верона во сабота.