Поранешниот фудбалер на  Рома и Милан, Бојан Кркиќ, изјави дека Интер треба да биде трпелив со Кристијан Ериксен, кој според него е неверојатен фудбалер.

Фудбалерот на Монтреал Импакт, Бојан кариерата ја започна во Барселона и се предвидуваше дека ќе стане светски фудбалер, но притисокот си го направи своето и тој се пресели во Рома во јули 2011 година.

Кркиќ со Ериксен беше соиграч во Ајакс во 2013 година и добро ги знае квалитетите на Данскиот репрезентативец.

„Пристигнав во Ајакс во 2013 година и набргу потоа тој се пресели во Тотенхем. Исто така кога настапував во Стоук доста често игравме меѓусебе, она што можам да кажам дека е специјален талент и Интер направија добра зделка со него“-изјави Кркиќ.