Џорди Кројф, инаку син на легендарниот Јохан Кројф, се приклучи на стручниот штаб на екипата на Барселона. На овој начин екипата од „Камп Ноу“ продолжи активно да се засилува на сите полиња.

По потписите на Серхио Агуеро и Ерик Гарсија, беше склучена и соработката со Кројф, кој ќе биде задолжен да го предводи третиот тим на Барселона, односно Ц тимот.

“Заминав од овде пред 25 години и ми претстоеше долг пат. Ова е како да се вратив дома. Чувството да ја познавам околината добро ќе ми помогне на работа. Мотивацијата е огромна, ова е многу посебен клуб за мене. Горд сум што сум тука и имам намера да дадам се од себе “, рече Џорди Кројф.

Кројф работел на неколку континенти како тренер и спортски директор. Занаетот го печеше во  Валета, АЕК Ларнака, Макаби Тел Авив, кинески клубови како и Еквадор.

“Треба да се заврши многу работа. Бев на многу различни места, стекнав различни искуства, се соочив со многу проблеми и сега мојата намера е да му помогнам на клубот и да остварам успешна соработка со луѓе кои се веќе тука”.

Иако Џорди Кројф имаше валиден договор со Шенжен, кинескиот клуб не сакаше да застане на патот на среќата на Кројф.

“Јас сум многу благодарен на Шенжен, тие имаа исклучителни односи со мене. Тие полека стануваат еден од најголемите во кинеската лига и го прочитаа мојот сон”, заклучи Џорди Кројф.