Реал Мадрид не ги мина најдобро контролните натпревари ова лето но во новата сезона со засилувањата кои ги има Зидан се очекува да се врати во полн ритам. За ова, плејмејкерот на „Кралевите“, Тони Крос тврди дека не е лесно остварливо но мора да веруваат во себе.

„Сакаме да играме подобар фудбал и тоа во континуитет. Знаеме дека мора да се подобриме затоа што откако тоа ќе го направиме се останато си доаѓа само од себе. Ако играш подобро ќе се бориш за титули. Не е лесно да се врати тимот на позицијата која беше пред да си замине Зидан. Сега сме во поинаква позиција од онаа во мај 2018“ – изјави Крос.

Крос го прокоментира и статусот на новиот напаѓач на Реал Мадрид, Лука Јовиќ за кој смета дека и покрај повредата тој ќе биде добро освежување во нападот од кого  очекува многу голови.