Тони Крос на конференција сајбер булинг повторно го крена гласот околу оваа тема која се смета за една најголемите во светот на фудбалот

Германскиот играч од средниот ред беше гостин на конференција каде главен говорник беше германскиот претседател Франк Валтер Штајнмајер, кој лично барал Крос да биде гостин.

Освен што уште еднаш, како и многу пати претходно, го критикуваше густиот распоред на натпревари поради фудбалерите се повредуваат, се осврна и на заминувањето на Месут Озил од германската репрезентација.

„После Светското првенство во 2018-та година кажав дека не ми се допаѓа што Месут си замина од репрезентацијата, како ни начинот на кој го направи тоа. Веднаш ме нарекоа нацист. Руса коса, сини очи, само тоа им беше доволно на луѓето на интернет да ме наречат нацист“– кажа Крос и додаде:

„Се изборив, но не беше лесно. Денес секој може да се сокрие зад лажен профил и да ги навредува другите луше. Тоа не е добро и мораме да работи на тоа таквите луѓе да сносат одговорност за кажаното.“