Креативецот на Реал Мадрид, Тони Крос се поврзуваше со заминување од Мадрид минатото лето и тоа пред тоа но според него нема простор за такво размислување.

Тој потврди дека планира до крај да го одработи договорот со „Кралевите“ а потоа да ги види опциите за нов договор од 4 години.

„Секогаш тврдев дека нема да играм фудбал кога ќе наполнам 38 години. Имам уште три ипол години од договорот со Реал Мадрид до летото 2023. Тогаш ќе имам 33 години, тоа ќе биде време во кое ќе можам да размислувам за уште еден четиригодишен договор. Мислам дека после тоа нема да продолжам да играм.“ – изјави Крос.

Крос веќе има освоено три шампионски титули во ЛШ со Реал Мадрид а секој преоден рок се поврзува со трансфер во некој од островски гиганти.