Прилепска Победа е незадоволно од судењето на средбата со Брегалница од Штип која победи со 2-0.

Тренерот на Победа, Дарко Крстевски  реагираше по завршувањето на средбата.

Честитки за Брегалница за победата. Несомнено дека имаат квалитетен и компактен тим. Но денес не само што не не надиграа туку ако не бевме драстично оштетени убеден сум дека немаше да освојат бодови. Знаејќи дека имаа 2 тешки натпревари зад себе очекував дека ние ќе бидеме кадарни и да ги изненадиме. Иако не сакам и ретко го коментирам судењето не можам да не подвлечам дека за жал денеска немавме рамноправен критериум од судиите кои директно го режираа мечот. Ова беше скандалозна арбитража насочена директно против Победа. Три дена да игравме немаше да загубиме.“ –  резигнирано изјави Крстески по мечот.