Дефанзивецот на Наполи, Калидоу Кулибали во елтниот преоден рок ќе го напушти Наполи но нема да се пресели во Англија како што тоа се најавуваше во јануари туку ќе го засили ПСЖ.

Италијанските медиуми пренесуваат дека репрезентативецот на Сенегал веќе си купил апарман во Париз за 4 милиони евра а ги договорил у условите под кои ќе го носи дресот на првакот на Франција.

Наполи за Кулибали бара 150 милиони евра но се верува дека оваа сума ќе биде многу помала, односно ПСЖ ќе плати 90 милиони евра со дополнителни бонуси во зависност од настапите на стоперот но и од титулите кои ќе би ги освоил ПСЖ во следните четири години.

Предходно за услугите на 28 годишниот дефанзивец интерес пројавија Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Челси и Реал Мадрид.