Калидоу Кулибали деновиве одново се врати на насловните страници во Италија и во Англија. Централниот дефанзивец се поврзува со трансфер во повеќе тимови од Европа а ова го демантира репрезентативецот на Сенегал.

„Многу се пишува за мене, дека ќе си заминам од Наполи но мојата цел е со овој клуб да ја освојам титулата во Италија. Оваа година е многу потешка во однос на лани, сите тимови добро се засилија а Јувентус останува клубот кој треба да се победи. Работиме на тоа да ги стигнеме во секој чекор.“ – изјави дефанизвецот на Наполи, Кулибали.

Наполи ова лето одби понуда вредна 95 милиони евра од Манчестер Јунајтед за продажба на Кулибали.