Манчестер Сити му понудил на Наполи 95 милиони евра за Калиду Кулибали, тврди престижниот „GazzettaDelloSport“ кој се повикува на извори од Неапол.
Пеп Гвардиола сака да ја засили одбраната и желбата на менаџерот на шампионот на Англија е токму овој играч од Наполи. Доколку се оствари оваа најава , Кулибали ќе стане најскапиот одбрамбен играч во историјата на Премиерлигата.
Наполи досега одби неколку понуди за Кулибали , лицитираа Барселона, Јувентус, Реал Мадрид и Јунајтед, клубот од Неапол бараше 100 милиони, но сега ситуацијата е поинаква и можно е да дојде до реализација на трансфер.
Be the first to write a comment.