Центарлниот дефанзивец на Наполи, Кулибали го искажал своето незадоволство откако управата на клубот ја одбила најновата понуда од Манчестер Јунајтед од 30 милиони евра за негов трансфер во Премиер лигата.

Кулибали кој има уште две години договор со Наполи, на Лучиано Спалети му посочил дека сака да си замине. Новиот тренер на калчолигашот пак се надева дека ќе го разубеди да остане, пренесува „Газета Дело Спорт“.

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис е подготвен да го продаде Кулибали, но очекува понуда oд 80 милиони евра.

Ова е превисок залак и за Манчестер Јунајтед кој нема намера да плати повеќе од 45 милиони евра во кои ќе бидат вклучени и неколку бонуси.