Новиот напаѓач на Јувентус, Дејан Кулушевски, со прво интервју како играч на „старата дама“.

Швеѓанецот со македонско потекло, го посочи Дибала за фудбалски идол, очекува со Јувентус еден ден да ја освои Лигата на шампионите.

„Мој идол е Дибала, ќе биде прекрасно искуство да играм со Роналдо, во Јувентус сум дојден да напредувам во кариерата, се надевам дека ќе ја освојам Лигата на шампионите со мојот нов клуб“ – изјави Кулушевски.

Кулушевски (20) е прогласен за најдобар млад играч во Италија, во изборот на Серија А, сезоната ја заврши  со 10 гола и 8 асистенции има статистика во Топ-5 лигите како ниту еден друг фудбалер на возраст од 20 години.