Според анализите на медиумите во Италија, Дејан Кулушевски е причината поради која најбараниот играч од средниот ред во Италија, Сандро Тонали го избрал Интер.

Јувентус уште во јануари го обезбеди потписот на Дејан Кулушевски, со тоа  „старата дама“ нема доволно средства и за потпис на Тонали за кого се смета дека е „новиот“ Пирло.

Калочомеркато тврди дека Интер и Тонали веќе имаат договор, сега клубот од Милано ги финишира преговорите со Бреша за потпис на играчот од средниот ред.

За Тонали се интересираат, Милан, Наполи, Барселона и секако се уште Јувентус.