Централна спортска вест денес во италијанските медиуми е информацијата дека фудбалерот на Парма, Дејан Кулушевски привлекол големо внимание на гигантите Интер, Милан и Јувентус.

Сепак, најголем интерес за Швеѓанецот со потекло од Македонија покажал Антонио Конте, кој сака да го види во екипата на Интер, а за тоа е подготвен да издвои 40 милиони евра.

Кулушевски има само 19 години, па тој потекнува од Македонија, но реши да игра за репрезентацијата на Шведска, иако во минатото беше дел од младинските селекции на нашата земја.