Јувентус го дочекува Милан во дербито на 35 коло од Серија А. Овој натпревар е клучен во битката за пласман во Лигата на шампионите.

Дејан Кулушевски се очекува да биде стартер кај „Старата Дама“, а поранешниот напаѓач на Парма со голема почит зборува за ветеранот во редовите на „Росонерите“.

„Се подготвивме добро со овој натпревар. Имавме цела седмица за тоа. Мирни сме. Ибрахимовиќ го почитувам многу, се надевам дека нема да има добар натпревар против нас.“ – вели Кулушевски.

Репрезентативецот на Шведска потврди дека првата сезона во Јувентус му била тешка но и забавна и не се кае за ништо