Дејан Кулушевски ќе биде достапен за остатокот од Европското првенство и ќе се врати од карантин потврдија денеска од таборот на Шведската репрезентација.

„Дејан Кулушевски и Матијас Сванберг ќе се приклучат на тимот, повеќе не се заболени од Ковид-19“, беше објавено од Шведската Фудбалска Федерација.

Позитивните резултати на Ковид-19 беа удар и за навивачите и за шведската репрезентација, па Кулушевски и Сванберг го пропуштија првиот натпревар на ЕП против Шпанија, што заврши со 0-0. Сепак, пристигна радосна вест за скандинавската селекција, двајцата фудбалери се пред целосно закрепнување и ќе бидат подготвени за следните натпревари.

Се очекува Кулушевски да биде предводник на новата Шведска , односно заедно со Исак и Фросберг да ја предводи репрезентацијата во следните години.