Тренерот на Барселона, Роналд Куман излезе со неочекувана изјава пред утрешениот натпревар со Ференцварош во Лигата на шампионите.

Навивачите на „Каталонците“ се уште не можат да се помират со поразот од Баерн Минхен од 8:2 и очекуваат реакција од тимот кој сега има нов тренер а стари проблеми.

„Во Барселона секога мора да играте со амбиција да освојувате титули. Ова важи и за натпреварите во Европа каде што има повеќе силни тимови и мора да се докажуваме. Победи се враќи и дома и во гости. Минатата сезона овој тим потфрли, ако тоа се случи и во оваа сезона нема да имам одговор зошто. Меси може да игра многу подобро, тој е фокусиран, сака да биде нашиот капитен и сака да победува, немам замерки за тоа.“ – изјави Куман.