Шпанска Барселона ќе мора да се ослободи од повеќе од петмина играчи од сениорскиот тим и да собере барем 100 милиони евра, за да може да гарантира стабилност а со тоа да го убеди Меси да потпише нов договор.

Аргентинецот повеќе не е под договор со Барселона и може да преговара со други клубови. Од „Камп Ноу“ веруваат дека ќе успеат навремено да ги решат финансиските проблеми за да може Меси да го добие посакуваниот пакет со новиот договор.

Ова наишло на одобрување од Куман кој верува дека само со Меси во тимот Барселона може да се врати на шампионските патеки.

Неофицијално од Барселона можно е да си заминат Гризман, Тер Штеген и Брајтвајт.