Тренерот на Барселона Роналд Куман воведе санкции во тимот по вчерашниот пораз во „Ел класико“ од Реал Мадрид со 3-1.

Лионел и Меси и соиграчите претладнево требаше да имаат тренинг, но истиот е одложен и Куман одлучи да им даде слободен ден на своите играчи.

Сепак, одлуката не важи за четворица, кои под казна ќе тренираат со вториот тим на Барселона – Карлос Алења, Рики Пуиг, Жиниор Фирло и Матеус Фернандеш.